Повеќе од 90 отсто во текстилната индустрија е лон-производство, а во последно време, поради даночните олеснувања во индустриските зони, евидентна е и нелојална конкуренција. Како што посочи на прес-конференција во Стопанската комора, претседателот на Здружението за текстилна индустрија, Ангел Димитров, многу работници, готови кадри кои се граделе 30-ина години, ги напуштаат домашните фирми и заминуваат кај странските инвеститори. Тоа го прават дури и за 1.000 до 2.000 денари поголема плата. Секој може да работи каде што може и каде што сака, но бараме минимум изедначување на условите со оние за компаниите во зоните, укажа тој. Во врска со состојбите во текстилната дејност, тој рече дека е неопходно да се интензивира соработката меѓу образованиот систем и бизнисот за да се продуцираат соодветни кадри.
Повеќе од 90 отсто во текстилната индустрија е лон-производство, а во последно време, поради даночните олеснувања во индустриските зони, евидентна е и нелојална конкуренција.
Како што посочи на прес-конференција во Стопанската комора, претседателот на Здружението за текстилна индустрија, Ангел Димитров, многу работници, готови кадри кои се граделе 30-ина години, ги напуштаат домашните фирми и заминуваат кај странските инвеститори.
„Тоа го прават дури и за 1.000 до 2.000 денари поголема плата. Секој може да работи каде што може и каде што сака, но бараме минимум изедначување на условите со оние за компаниите во зоните“, укажа тој.
Во врска со состојбите во текстилната дејност, тој рече дека е неопходно да се интензивира соработката меѓу образованиот систем и бизнисот за да се продуцираат соодветни кадри.
„Огромна е разликата меѓу потребите на бизнисот и она што се добива како квалификувана сила. Ваквиот расчекор е и една од клучните причини што ги тера младите да си одат од Македонија. Бизнисот креира работни места, а образованието треба да создаде кадар според потребите на пазарот“, подвлече Димитров.
Според статистичките податоци, бројот на вработените во текстилната индустрија е намален, од 43.848 во 2007 година на околу 36.000 сега. Извозот, пак, нема пад и изнесува 359 милиони долари во седумте месеци од годинава. Очекувањата се дека до крајот на годинава и почетокот на следната, тој ќе остане на исто ниво.
За подобрување на резултатите во овој сектор, Димитров напомена и дека е неопходно Македонија да почне со извоз на готови производи, најпрво странски брендови, а потоа и домашни, додека осовременувањето на технологијата останува на товар на компаниите бидејќи е одбиено барањето за субвенции од државата.