Cите фирми на берзата вредат 1,48 милијарди евра

Bez autora
Aug 17 2014

Над стотина фирми што котираат на Македонската берза на крајот на минатиот месец вределе вкупно 91,5 милијарди денари или околу 1,48 милијарди евра, покажуваат податоците за пазарната капитализација од последниот билтен на Берзата. Ако се одземе само една фирма, „Македонски телеком“, чии акции на крајот на јули вкупно чинеле околу 436 милиони евра, произлегува дека практично најзначајниот дел од домашното стопанство вреди само милијарда евра. Дали тоа значи дека кога некој би го одврзал ќесето, за толку пари би ја купил речиси целата македонска економија? „Не може да се каже така, иако според пазарната капитализација, цената на фирмите е таа“, велат брокерите. Според нив, на постојните цени на акциите на повеќето фирми кои што котираат на Берзата, не може да се купи поголемо количество акции. „Кога некој би сакал да купи повеќе акции, особено количество кое што би овозможило преземање на фирмата, цената во најголемиот број случаи би била поголема“, велат брокерите.

Над стотина фирми што котираат на Македонската берза на крајот на минатиот месец вределе вкупно 91,5 милијарди денари или околу 1,48 милијарди евра, покажуваат податоците за пазарната капитализација од последниот билтен на Берзата. Ако се одземе само една фирма, „Македонски телеком“, чии акции на крајот на јули вкупно чинеле околу 436 милиони евра, произлегува дека практично најзначајниот дел од домашното стопанство вреди само милијарда евра. 

Дали тоа значи дека кога некој би го одврзал ќесето, за толку пари би ја купил речиси целата македонска економија?

„Не може да се каже така, иако според пазарната капитализација, цената на фирмите е таа“, велат брокерите. Според нив, на постојните цени на акциите на повеќето фирми кои што котираат на Берзата, не може да се купи поголемо количество акции. „Кога некој би сакал да купи повеќе акции, особено количество кое што би овозможило преземање на фирмата, цената во најголемиот број случаи би била поголема“, велат брокерите.

На Берзата подолго време пазарот е во опаѓање. Па така, според редовните берзански билтени, за само еден месец компаниите кои котираат изгубиле вкупно околу 30 милиони евра. Нивната вредност е намалена за 1,76 отсто во споредба со крајот на јуни, кога вредноста на акциите на котираните компании била 93,2 милијарди денари или околу 1,51 милијарди евра. И во јуни имало тренд на намалување на вредноста на акциите, па така, во споредба со мај тие вределе за 1,45 отсто помалку.

Во Извештајот за работа на Македонската берза за минатата година се вели дека на крајот на декември на официјалниот берзански пазар биле котирани акциите на вкупно 116 друштва, од кои 31 компанија на подсегментите супер котација и берзанска котација и 85 нови друштва на подсегментот задолжителна котација. На крајот на минатата година пазарната капитализација на котираните акции била 97,76 милијарди денари или околу 1,6 милијарди евра и таа била речиси тројно поголема во споредба со една година претходно. Но, ваквиот пораст не се должи на зголемување на цената на акциите, туку на мерката за задолжителна котација, кога на берзата беа вклучени 84 компании. 

Дел од брокерите очекуваат дека годинава ќе дојде до стабилизирање на состојбите на пазарот на капитал и до умерен раст на цените на акциите. Според други, пак, резултатите во првото полугодие од годинава не охрабруваат, барем од берзански аспект, бидејќи тие се прилично измешани, некои од компаниите покажуваа заздравување, но некои од најважните индустрии, како металургијата и натаму се соочуваат со сериозни тешкотии. И покрај добрите вести за нивото на економскиот раст и очекувањата тој годинава да изнесува солидни 3,7 отсто, последниве денови стигнуваат информации за враќање на рецесијата во еврозоната, како и за влошување на деловната клима во Германија, која е нашиот најголем надворешно трговски партнер. 

Брокерите исто така не ги земаат здраво за готово податоците за економскиот раст, особено за неговото влијание врз цената на акциите на котираните компании, бидејќи најголемиот дел од актуелниот економски раст го генерираат фирми кои што не котираат на берзата, односно кои работат во слободните економски зони. И минатиот месец на Берзата најтргувани беа акциите на Комерцијална банка, на „Алкалоид“, „Макпетрол“, „Скопски пазар“ и на „Македонски телеком“. 

Комерцијална банка вредела вкупно 5,1 милијарда денари или 83 милиони евра, „Алкалоид“ 6,2 милијарди денари или 101 милион евра, „Макпетрол“ 2,4 милијарди денари или 40 милиони евра, а „Скопски пазар“ 540 милиони денари или 8,7 милиони евра.

Во овој период најголем пораст на цената имале акциите на Охридска банка, за 20,94 отсто, на ФЗЦ „11Октомври“ – Куманово за 20 отсто, на „Макпетрол“ за 14,58 отсто и на НЛБ Тутунска банка за 13,33 отсто, а најголеми берзански губитници биле „Фустеларко Борец“ - Битола, чии акции изгубиле на вредност 32,98 отсто, на „РЖ Услуги“ за 28,16 отсто и на УНИ банка за 24,73 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik