Ќе соработуваат компании од Македонија и Бугарија

Bez autora
Jan 26 2022

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија во наредниот период ќе воведуваат нови можности за трговска и инвестициска соработка и ќе ги поттикнуваат малите и средни претпријатија од двете земји да одржуваат различни форми на соработка.

Тоа е предвидено со Меморандум за разбирање помеѓу агенциите потпишан денеска во Софија од министерот за економија Крешник Бектеши и неговиот бугарски колега Даниел Лорер во рамки на заедничката седница на владите на двете држави.

- Соработката согласно потпишаниот Меморандум ќе биде во делот на размена на информации во врска со политиките и мерките за промоција на МПС, размена на искуства во организирање и администрирање на активности за обезбедување на услуги за МПС, организирање на семинари, саеми, изложби и други промотивни активности за зајакнување на меѓусебната размена и соработка помеѓу малите и средни претпријатија од двете земји, информираат од Министерството за економија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik