Jавните претпријатија ќе ги бришат каматите на долговите на граѓаните

Bez autora
Feb 17 2021

Во согласност со петтиот пакет економски мерки, јавните претпријатија на државо ниво ќе ги избришат каматите на долговите на граѓаните.

Ова го наведе премиерот Зоран Заев, кој ги презентира најновите владини мерки за поддршка на погодените од пандемијата на Ковид-19.

Заев апелира и приватните компании, доколку може, да ѝ се приклучат на оваа мерка.

Радиодифузерите, превозниците, туристичките работници, занаетчиите, тутунарите, се дел од оние што се опфатени со петтиот пакет економски мерки.

Петтиот пакет содржи 29 економски мерки, кои се поделени во четири столба и ја ќе чинат државата 9,7 милијарди денари, односно околу 160 милиони евра.

Заев вели дека мерките се донесени преку дијалог со сите засегнати и директно се надоврзуваат на претходните четири пакети економски мерки.

Петтиот пакет-мерки е последниот за директна поддршка на економијата по што следуваат индиректни мерки, најави Заев.

Кај повеќето мерки поддршката ќе се користи до крајот на 2021 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik