ММФ оценува дека македонската економија заздравува

Bez autora
May 19 2021

Економијата на Република Северна Македонија заздравува, оценила мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржа од 6 до 17 мај, а информираат од Министерството за финансии.

Тие посочуваат дека добрите политики и владиниот стимул го амортизирале ударот од корона-кризата врз нашата економија и посочуваат дека фискалната политика треба и понатаму да биде насочена кон поддршка на стопанството и граѓаните.

„Од Меѓународниот монетарен фонд проектираат растот на бруто-домашниот производ на земјава во 2021 година да порасне за 3,8%, со нагласок дека проекцијата може да претрпи нагорна корекција доколку се продолжи со забрзување на темпото на имунизација. Фискалната политика треба да продолжи да биде поддршка за заздравување на економијата, поттикнување на отворање нови работни места и зачувување на социјалната стабилност, посочуваат од Фондот. Тие нотираат дека Владата и во 2021 година продолжила со поддршката на фирмите и граѓаните и истакнуваат дека доколку има потреба Владата треба и понатаму да продолжи со мерки кои ќе придонесат за заздравувањето“, се посочува во информацијата на ресорното министерство.

Меѓународниот монетарен фонд, исто така оценува дека владиниот план за инвестиции е амбициозен и дека и понатаму треба се настојува да се унапреди ефикасноста на јавното трошење.

„Од Фондот нотираат дека проекцијата за стапката на инфлација во 2021 година, како резултат на глобалниот раст на цените на храната и енергенсите, бележи нагорна ревизија, но е на умерено ниво од 2,2%“, информираат од министерството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik