Намален државниот долг за 3,9-процентни поени

Bez autora
Sep 01 2021

Државниот долг заблежа намалување од 3,9-процентни поени.

Денешните објавени податоци покажуваат дека тој се спушти на ниво од 52 процента од БДП во однос на 30 јуни кога беше на ниво од 55,9 проценти, односно забележа намалување од 3,9-процентни поени, соопшти Министерството за финансии (МФ).

Од таму велат дека значајно е тоа што средствата што беа обезбедени на меѓународниот пазар на капитал во изминатиот период се со историски најниска каматна стапка од 1,625 %.

Според МФ, намалувањето на државниот долг се должи, пред сѐ, на раздолжувањето на еврообврзницата во износ од 500 милиони евра извршена во јули годинава. Ова раздолжување, велат од таму, ќе влијае и на намaлување на состојбата на јавниот долг, што ќе биде евидентирано со податоците објавени за нивото на јавниот долг заклучно со третиот квартал. Во согласност со утврдената динамика, Министерството за финансии објавува податоци за јавниот долг на квартално ниво.

Кризата предизвикана од Ковид-19 и справувањето со последиците влијаеше на зголемување на долгот во речиси сите земји, вклучително и во нашата. Државниот долг на крајот на 2020 година изнесуваше 51,2 отсто од БДП, во првиот квартал на 2021 се зголеми на 54,1 отсто, во вториот квартал на 55,9 отсто и на 31 јули 2021 година тој се спушти на ниво од 52 процента. На промените на државниот долг влијаеја и повлекувањето на средства од склучени кредитни аранжмани со странски кредитори, задолжување со државни хартии од вредност, како и отплата на обврски по основ на главнина на надворешен долг.

„Министерството за финансии цврсто стои на својата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање ниво од 60 % од БДП, што е во рамките на Мастришкиот критериум, кој инаку е привремено суспендиран во Европската Унија поради пандемиската рецесија. На среден рок, односно до 2026 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 57,7 %, а државниот долг ќе се сведе на 50,7 %. Ова ќе се реализира, од една страна, преку планот и мерките за постепена фискална консолидација, односно постепено намалување на буџетскиот дефицит, и од друга, преку забрзување на економскиот раст, односно продуцирање поголема додадена вредност, од која полесно ќе може да се сервисира долгот што дотасува“, велат од Министерството за финансии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik