Ocenite tekst
По основ на достасани хартии од вредност, Министерството за финансии утре и на 8 март ќе врати 8,1 милијарди денари или 131,7 милион евра во стопанството.
Од Министерството информираат дека утре ќе бидат вратени 7 милијарди денари, а на 8 март, за кога нема предвидено аукција, ќе се вратат 1,1 милијарда денари.
„На денес закажаната аукција на државни хартии од вредност понудени се хартии од вредност во износ од 8,1 милијарди денари, односно нето-задолжувањето со оваа аукција е нула“, наведуваат од Министерството преку соопштение.