Пакетот економски мерки е позитивно оценет од ММФ

Bez autora
Apr 14 2020

Со цел поефикасно справување со последиците врз економијата предизвикани од глобалната пандемија на коронавирусот се реализира големиот пакет првични економски мерки вредни 200 милиони евра, велат од владејачкиот СДСМ преку соопштение.

Оттука наведуваат дека со усвоените мерки што веќе се реализираат државата спасува 250.000 работни места и им помага на над 35.000 компании.

„Мерките ќе помогнат сите фирми погодени од кризата, поточно секој работник да добие од државата по 14.500 денари, плата за април и мај.

Оваа мерка значи поддршка на секој работник, но значи поддршка и за занаетчиите, самостојните дејности, спортските работници, уметниците…

Управители и сопственици на бизнисите вработени во фирмите исто така ќе може да ја користат оваа мерка.

Економските политики што ги спроведе Владата предводена од СДСМ ја задржа довербата на меѓународните финансиски институции во нашата економија.

Мерките што се спроведуваат се добро оценети од страна на ММФ и затоа поддршката од 176 милиони евра е двојно поголема од првично предвидените.

Владата и институциите продолжуваат со реализација на економски мерки и политики кои обезбедуваат задржување на работните места и сигурни приходи за сите вработени сè до надминување на кризата од коронавирусот“, наведуваат од СДСМ во соопштението.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik