Растот на БДП од 13,1% е потврда дека економијата е стабилна

Bez autora
Sep 07 2021

Премиерот Зоран Заев со воведно обраќање ја отвори pрвата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид-19“ во рамките на Економскиот и финансиски форум.

Заев истакна дека по една година, според денешните официјални статистички податоци, можеме да кажеме дека кризата и официјално одминува и економијата заздравува, што е потврда и на нашите анализи дека економијата е стабилна и ќе растe.

„Официјално пред неколку минути е објавено од Заводот за статистика дека во вториот квартал од годинава во согласност со статистиката регистриран е позитивен раст на домашниот бруто-производ во износ од 13,1 проценти. Ова значи дека првото полугодие од оваа година постигнавме раст на домашниот бруто-продукт од 5,6 проценти“, рече премиерот Заев.

На конференцијата премиерот Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими, го најавија и планот за здравување и финансирање на забрзан раст, кој е веќе подготвен. Целта е да се обезбеди финансирање на закрепнувањето на економијата од Ковид-19 и поддршка за забрзан одржлив раст со паралелно одржување фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik