Ocenite tekst
На денешната седница Владата донесе уредба со законска сила за фомирање на фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.
Со оваа уредба, како што наведуваат од Владата, се уредува формирањето, финансирањето, како и намената на средствата на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата,
Од Владата информираат дека средствата собрани во Фондот, ќе се користат за финансиска поддршка на економските мерки за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија во надминување на економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19.