Се забранува фирмите да одат во стечај за време на кризата со коронавирусот

Bez autora
Mar 26 2020

Владата донесе одлука со која се забранува фирмите да одат во стечај за време на кризата со коронавирусот.

Одлуката е донесена на предлог на Министерството за економија, а министерот Крешник Бектеши образложи дека се запира можноста за поднесување предлог за поведување на претходна постапка за отворање стечајна постапка и отворање стечајна постапка на стечајниот должник за време на траењето на вонредната состојба.

„Исто така, сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање стечајна постапка и отворање  стечајната постапка над стечајниот должник се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба. Над стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање стечајна постапка или поведување претходна постапка нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба“, кажа министерот.

Оваа одлука ќе се применува до траење на вонредната состојба и уште три месеци по тоа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik