„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Bez autora
Aug 24 2021

Централната банка успешно ја одржува довербата во банкарскиот сектор, што се докажува и преку постојаниот раст на депозитите во 2020 и 2021 година“, се истакнува во извештајот на кредитната рејтинг-агенција „Стандард и Пурс“, соопшти Народната банка.

„Денарот е стабилен, а монетарната политика оди во прилог на економското закрепнување. Девизните резерви се зголемени. Банкарскиот систем во земјава е стабилен, висококапитализиран и профитабилен, а финансиските услови остануваат поволни. Стапката на нефункционални кредити е ниска, ова се накусо оцените за монетарната политика која се води во земјава и за финансиската стабилност, наведени во извештајот.

Во извештајот е нагласено дека девизните резерви на земјава се повисоки. Така, во јули годинава, и покрај отплатата на еврообврзницата во износ од 500 милиони евра, девизните резерви бележат раст во споредба со истиот период минатата година. Кредитната агенција не очекува флуктуации на девизниот пазар, односно курсот на денарот останува стабилен. Исто така, се наведува дека доколку се јави потреба, Народната банка е подготвена да интервенира, вклучително и преку репо-линијата од 400 милиони евра од Европската централна банка.

Во однос на државниот долг агенцијата очекува да достигне 58 проценти од БДП до 2024 година.

Очекувањата за инфлацијата на „Стандард и Пурс“ за годинава соодветствуваат со проекцијата на Народната банка од 2,2%.

Како што се наведува во извештајот на кредитната агенција, банкарскиот систем во Северна Македонија е стабилен, останувајќи висококапитализиран и профитабилен и за време на корона-кризата. Стапката на нефункционални кредити остана на ниско ниво од 3,4% во второто тримесечје од 2021 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik