Стопанската комора потпиша Меморандум за соработка со Стопанска комора на Приморска Словенија

Bez autora
Jul 15 2021

Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Приморска Словенија со цел унапредување на економската соработка меѓу двете држави со акцент на секторите земјоделство, туризам, логистка и медицина.

„Во изминатите години успешни мултинационални компании основани во Копер, а со своја дејност регистрирани и во Македонија активно работат во областите на транспорт, логистика и медицина. Успешната соработка со Стопанската комора на Приморска Словенија денес ја формализираме со договор“, изјави претседателот на Сојузот на стопанска комора Данела Арсовска.

Таа додаде дека деловните субјекти од нашата држава веќе имаа развиена соработка со своите словенечки партнери која има потенцијал да се прошири и продлабочи со интензивирање на коморската соработка.

„Во Словенија се работи многу на развој на еколошкиот туризам, исто така имаме и висококвалитетни земјоделски производи и маслиново масло. Простор за соработка гледаме и во секторот на автоматизација и дигитализација, а нашето искуство во преговорите со ЕУ исто така може да биде корисно со почнување на претпристапните преговори за членство на вашата земја“, изјави Роберт Ракар, извршен директор на Стопанска комора на Приморска Словенија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik