Виенски институт: Македонската економија нема подобрување зашто владата не обезбеди доволна економска поддршка

Bez autora
Jul 11 2021

Има подобрување на економиите во Источна Европа, и повеќе од очекуваното, но во Македонија нема подобрување, покажуваат економските проекции на Виенскиот институт за економија.

Авторот на анализата Бранимир Јовановиќ вели дека тоа е така оти македонската влада не обезбеди доволна економска поддршка на економијата.

- Ако сака да има добар економски резултат оваа година, Владата мора да троши, односно да инвестира во тој раст- вели Јовановиќ пренесе Радио Слободна Европа.

Јовановиќ вели дека сѐ уште не се знае дали економиите излегле од пандемиската криза или актуелното подобрување на економиите е привремено.

– Опоравувањето е започнато и се чини дека економиите научија како да живеат со пандемијата. За 20 од 23 земји кои ги прогнозираме сега очекуваме да имаат повисок раст од што очекувавме претходно – вели тој.

Според анализата Македонија е една од трите источно-европски економии каде што нема подобрување.

– Причината во нашиот случај е иста како што беше случај зошто Македонија лани помина лошо во кризата, а тоа е дека Владата не обезбеди доволно финансиска помош за економијата, за фирмите и за луѓето. Ако го погледнеме Буџетот, во првите пет месеци реализацијата е многу помала од она што се планираше, конкретно ќе ги земам инвестициите – капиталните расходи во првите пет месеци се реализирани само 22 отсто. Според логиката дека во секој месец треба да се распределуваат сразмерно би требало во првите пет месеци да имаме 40 отсто реализација, а ние имаме отприлика пола од она што треба да го имаме. Во првите пет месеци имаме само 80 милиони евра капитални инвестиции. Владата сега предложи ребаланс на Буџетот, Собранието уште не го донесе, и таму предвидуваат раст на капиталните расходи од 27 отсто, односно дека во целата година ќе има инвестиции во износ од околу 500 милиони евра. Тоа е практично невозможно. Во првите пет месеци имаме 80 милиони инвестиции, а сега велат во следните седум ќе имаме 420 милиони инвестиции, тоа е невозможно – вели Јовановиќ.

Причината за ваквата состојба во македонската економија е што влада не обезбеди доволна економска поддршка, нити во оние пакети за помош што ги нудеше минатата година, ниту во вид на капитални инвестиции, јавни инвестиции, како што тоа го прават на пример земјите од Западна Европа и некои од земјите од Источна Европа.

– Да не одиме премногу далеку, да ја земеме Србија, која во првиот квартал забележа огромен раст. Србија е една од економиите за кои се очекува годинава да има еден од највисоките растови, се очекува да има шест проценти раст. Србија не е нешто премногу различна од Македонија, не зборуваме за некоја држава што е светлосни години пред Македонија и има проблематична политичка гарнитура што е на власт, но во оваа криза се покажува дека ги прави сите работи како што треба. Инвестираше многу повеќе од Македонија, таму јавните инвестиции многу пораснаа во првиот квартал и затоа имаат повисок раст. Ако Македонија сака, ако Владата сака да има добар економски резултат оваа година, Владата мора да троши, односно да инвестира во тој раст, без поддршка од страна на Владата, од страна на државата нема да има економски раст – вели Јовановиќ.

Во новата винска летна прогноза Институтот очекува 23 економии на Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE) да пораснат за 4,2% во 2021 година – што е повеќе за 0,4% во споредба со априлската прогноза.

Силниот раст во САД (1,6%) и Кина (18,3%) во првиот квартал, како и остро ревидираната прогноза за раст за 2021 година за еврозоната (4,4%) и ЕУ (4,5%) се меѓу причините.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik