Владата го претстави Петтиот пакет мерки пред стопанските комори

Bez autora
Feb 15 2021

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши изврши презентација на финалниот предлог на Петтиот пакет економски мерки за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, пред претставници на коморите, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог и билатералните комори во земјата.

Битиќи во вовeдното излагање при презентација на мерките потенцираше дека во овој предлог се вклучени сите релевантни сугестии од страна на бизнис секторот, синдикалните организации и другите чинители во општеството, а главна цел на мерките е да одговарат на предизвиците со кои се соочува стопанството, како и да се обезбеди едноставна примена на мерките.

„Петтиот пакет содржи 30 мерки, а може да се поделат во четири толба: финансиска поддршка за исплата на плати и задржување на работните места, финансиска поддрша за ликвидноста на компаниите и граѓаните, мерки за поповолно деловно опкружување и директна помош за граѓаните. Се обидовме максимално да одговориме на барањата на стопанството и граѓаните и да ги креираме мерките да бидат лесно применливи“, нагласи Вицепремиерот.

Битиќи соопшти дека директната финансиска помош за исплата на плати ќе продолжи со Петтиот пакет на мерки, а за оваа цел се креирани два модалитети, пришто самите компании ќе одлучат кој модалитет сакаат да го искористат. Со вториот модалитет кој предвидува бескаматни кредити, а со кој се таргетираат компаниите од најпогодените сектори, средствата освен за исплата на плати, ќе може да се користат и за други потреби на компаниите.

Претставниците на стопанските комори изразија задоволство од Петтиот пакет мерки, како и голема благодарност што се вклучени во креирањето на мерките и што нивните предлози се слушнати и вклучени во предлогот мерки.

Заедничкиот заклучок од средбата е дека како никогаш досега разговорите помеѓу Владата и стопанството се отворени и конструктивни.

Во Петтиот пакет покрај финансиската поддршка за исплата на плати се планирани и низа на други мерки, за компаниите од туристичката дејност, транспортот на патници, индустријата за организација на настани, медиумите, занаетчиите, извозните компании, даночни и царински олеснувања, како и други мерки за одредени групи на граѓани, кои се директно поврзани со ефектите на ковид кризата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik