Законот за стечајците стапи во сила

Bez autora
Aug 03 2021

Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, популарно наречен Закон за стечајците, стапи во сила.

Стечајците што ги исполнуваат условите треба во рок од 30 дена да се пријават во подрачните единици на Агенцијата за вработување, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Законот за стечајците, кој минатата недела едногласно беше усвоен во Собранието, обезбедува околу 1.100 стечајци да добиваат паричен надоместок од 9.242 денара до денот на пензионирањето или 34 % од просечно исплатената месечна нето-плата за работник во државата за претходната година.

Со овој закон, како што потсетуваат од Министерството, материјално ќе се обезбедат лицата што имале најмалку 14 години работен однос во претпријатијата со доминантна сопственост на државата, кои на денот на поднесување на барањето се на возраст од најмалку 52 години (жена) и 55 години (маж), на кои работниот однос им престанал заклучно со 31 декември 2020, кои оствариле право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година и кои од 31 декември 2020 година до денот на влегување во сила на овој закон не биле во работен однос.

Со новиот закон се овозможува материјално обезбедување на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај ликвидација или технолошки вишок, во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, доколку не го промениле единствениот матичен број на субјектот, а во случај на промена тие да произлегуваат од претпријатието со доминантна сопственост на државата, во периодот од 1 јануари 1993 до 31 декември 2020 година.

Со последните измени на Законот за стечајците, од 2017 година до денес решен им е статусот на речиси 13.000 стечајци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik