Завршуваат мерките донесени поради грчката криза

Bez autora
Dec 10 2015

Гувернерот Богов, како што пренесува „Блумберг“, во интервју во Загреб објаснил дека ситуацијата во Грција се стабилизира. Мерките на монетарните власти на Македонија кои беа донесени со цел да се спречи одливот на капитал во соседна Грција ќе истечат на крајот на декември оваа година, со оглед на тоа што кризата во таа земја е намалена. Ова, како што пренесе „Блумберг“, го најавил гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, во интервју дадено во Хрватска. „Овие мерки имаа превентивен ефект, така што тие не го нарушија бизнисот“, вели Богов во интервјуто. Тој објаснува дека ситуацијата во меѓувреме во Грција се стабилизирала. „Ние не очекуваме мерките на истекот да имаат негативен ефект врз македонската економија“, потенцира првиот човек на македонската централна банка. „Блумберг“ во својот текст пишува дека во екот на финансиската криза во Грција во јуни, Поранешна Југословенска Република Македонија забранила трансфер на капитал и странски директни инвестиции, како и кредитирање кај својот јужен сосед.

Завршуваат мерките донесени поради грчката кризаГувернерот Богов, како што пренесува „Блумберг“, во интервју во Загреб објаснил дека ситуацијата во Грција се стабилизира. Мерките на монетарните власти на Македонија кои беа донесени со цел да се спречи одливот на капитал во соседна Грција ќе истечат на крајот на декември оваа година, со оглед на тоа што кризата во таа земја е намалена. Ова, како што пренесе „Блумберг“, го најавил гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, во интервју дадено во Хрватска.

„Овие мерки имаа превентивен ефект, така што тие не го нарушија бизнисот“, вели Богов во интервјуто. Тој објаснува дека ситуацијата во меѓувреме во Грција се стабилизирала. „Ние не очекуваме мерките на истекот да имаат негативен ефект врз македонската економија“, потенцира првиот човек на македонската централна банка.

„Блумберг“ во својот текст пишува дека во екот на финансиската криза во Грција во јуни, Поранешна Југословенска Република Македонија забранила трансфер на капитал и странски директни инвестиции, како и кредитирање кај својот јужен сосед. Грчките банки имаат околу 6 милијарди евра од банкарските средства во Македонија, или 22 проценти.

Мерките, како што пишува агенцијата, следуваа по политичката криза во мај годинава, кога опозицијата ја обвини Владата за прислушување телефони на илјадници луѓе, вклучувајќи и полицајци, судии, новинари и странски дипломати. А, тоа дополнително ги влошува ефектите од кризата во Грција.

„Двојниот удар ја поттикна централната банка да ја намали својата прогноза за раст минатиот месец, и тоа на 3,2 отсто за оваа година, од 4,1 отсто колку што изнесуваше почетното предвидување“, вели Богов. Тој додава и дека ја намалил својата процена за раст за 2016 година, и тоа на 3,5 отсто, од претходните 4,5 отсто.

„Овие шокови се одразија врз економијата, но дури и со тие два силни шока, економијата ќе оствари умерен раст. Затоа е навистина многу важно политичката несигурност да не создава дополнително оптоварување“, потенцира гувернерот.

Според гувернерот Богов, во последниве неколку месеци „се враќа довербата и се враќаат депозитите“. Тој за „Блумберг“ изјавил дека централната банка очекува кредитен раст од 8 отсто оваа година, а за тоа се планираат мерки со цел да се поттикнат хипотекарните и корпоративните кредити.

„Банките во Македонија кои имаат грчки сопственици се во одлична форма“, вели Богов, додавајќи дека тие функционираат на самостојна основа, без поддршка од нивните банки мајки. И дека тие имаат доволно капитал и ликвидност, нагласил гувернерот.

Земјата побара поддршка од Европската унија да се справи со мигрантите. Богов нагласил дека трошоците на Македонија за справување со бегалската криза биле околу 2 милиони евра за еден месец, а сега тие се зголемуваат поради проширените напори на офицерите за безбедност. „Ова не е прашање што може да го реши само Македонија, и ние очекуваме европска заложба“, нагласил гувернерот, а пренесува „Блумберг“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik