Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2021 година.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,633 денари/килограм и сега ќе изнесува 42,377 ден./кг.
Од 26.10.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 76,50 (денари/литар);
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 78,50 (денари/литар);
Дизел гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) 0 68,50 (денари/литар);
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,00 (денари/литар);
Мазут М-1 НС – 42,377 (денари/килограм).