Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 20%

Bez autora
Dec 30 2021

Бислимовски информира дека сѐ што е над 20% во делот на електричната енергија е драстично зголемување.

- Драстично зголемување нема да има затоа што тоа не е решение на проблемот. Со драстично зголемување на цената нема да се подобри ситуацијата, ќе се влоши, бидејќи ќе се намали процентот на наплата и тоа не ни е целта. Целта е да го одржиме, колку што се може во вакви услови на енергетска криза во цела Европа, нашиот систем стабилен, потенцира Бислимовски.

РКЕ денес на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година.

На вчерашната подготвителна седница беа претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik