Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 % во однос на одлуката од 29.6.2022 година.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,50 денара/л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува 2,00 денара/л.
Од 2.7.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евуросупер БС-95“ – 109,00 (денари/литар);
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 111,50 (денари/литар);
– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 104,00 (денари/литар);
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 103,00 (денари/литар);
– „мазут М-1 НС“ – 53,305 (денари/килограм).
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,573 %, кај дизелот 3,326 %, кај екстра-лесното масло 3,241 % и кај мазутот има зголемување од 1,197 %.