До 2024 година Блок 1 во РЕК Битола ќе стане гасна електрана

Bez autora
Jan 27 2021

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“ посочи дека компанијата планира до 2025/26 година да го исклучи првиот блок од најголемиот енергетски капацитет во земјава...

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“ посочи дека компанијата планира до 2025/26 година да го исклучи првиот блок од најголемиот енергетски капацитет во земјава, РЕК Битола, кој работи на јаглен, и да го замени со когенеративна гасна електрана со моќност од 250 мегавати која ќе се користи и за топлификација на Битола, додека другите два блока да се модернизираат и тоа до 2023 година со темелна реконструкција на електростатските филтри, а до 2026 година и со целосна десулфуризација и декарбонизација со што ќе им се продолжи векот на траење, но и ќе се подобри еколошката прифатливост и ќе се задоволат европските стандарди.

Ковачевски потсети дека се планира целосно затворање на ТЕЦ „Осломеј“ и изградба на фотоволтаични електрани на просторот на термоцентралата со инсталирана моќ од 100 мегавати, кој проект веќе се гради на терен, додека планот на државата е претворање на ТЕЦ „Неготино“ (која не е во рамките на АД ЕСМ) во гасна електрана.

Што се однесува до ветерните електрани, Ковачевски соопшти дека се зголемува капацитетот на ветерниот парк Богданци, како и планирана инвестиција во ветерен парк во Миравци, додека фотоволтаични (соларни) електрани ќе се градат во близина на сите постоечки производни објекти на АД ЕСМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik