Донесена домаќинска одлука РЕК „Битола“ да добие сопствена механизација за ископ на јаглен

Bez autora
Dec 25 2019

Деветнаесет милиони евра, како дел од добивката на компанијата „Електрани на Северна Македонија“, годинава ќе бидат инвестирани за набавка на помошна механизација за РЕК „Битола“ за ископ на јаглен, најави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата, која ја одржа заедно со генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Заев ваквиот чекор го оцени како многу значаен и рече дека доаѓа како резултат на темелна подготовка и на добро подготвени план и процена според кои РЕК „Битола“ во иднина ќе може да се потпре на сопствена помошна механизација.

„Оваа одлука е од исклучителна важност ако се знае дека во последните 10 години за ангажирање помошна механизација од надворешни фирми РЕК ‘Битола’ има платено околу 100 милиони евра. Поради тоа, оваа одлука на ‘Електрани на Северна Македонија’ и на РЕК ‘Битола’ е домаќинска одлука. Уште повеќе што очекувањата се дека постои интерес од голем број компании за учество во оваа набавка и конкуренцијата може да влијае и на намалување на планираната сумата за услугата“, нагласи премиерот.

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, информира дека со тендерот ќе се набават 47 парчиња механизација за ископ на јаглен и јаловина, а понатаму ќе се обезбеди и другиот вид механизација, со што, како што рече, целосно ќе се отстрани потребата од ангажирање надворешни фирми.

„Тендерот е конципиран на начин да обезбеди најголема конкуренција и на огласот да се јават најдобрите светски производители на ваков вид механизација. Доколку тендерската постапка се одвива во предвидените рокови, очекуваме повеќето од машините да бидат испорачани во текот на следната година“, информира Ковачевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik