Две турски компании во конкуренција за изградба на магистралниот гасовод

Bez autora
Nov 25 2020

Две турски компании влегоа во конкуренција за изградба на магистралниот гасовод во Северна Македонија, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Компаниите “Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ од Турција доставија понуди за изградба на магистралниот гасовод во земјата. Врз основа на извештајот на Министерството за економија, вчера Владата донесе одлука со која овие две компании ќе бидат поканети да учествуваат во втората фаза на конкурентен дијалог. Тоа значи дека овие две компании ќе учествуваат во тендерската постапка до третата фаза која значи конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно- приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Северна Македонија, напиша Бектеши на својот Фејсбук.

Според условите кои што требаше да ги исполнат заинтересираните инвеститори за учество на јавниот повик кој го објави Министерството за економија се: најмалку пет години искуство во дистрибуција на природен гас, најмалку 100 илјади корисници приклучени во нивниот систем за дистрибуција,да имааат дистрибуирано најмалку 3 милијарди м3 , во последните 3 години, и најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните 3 години.

„Природниот гас е едно од горивата што значително ќе придонесе за енергетска транзиција до 2040 година. Затоа гасификацијата е од круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и компаниите, за животната средина и за општеството во целост. Оправданоста за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Македонија, произлегува од фактот што на граѓаните како и субјектите од комерцијалниот и јавниот сектор треба да им се понуди и друга можност за снабдување со гас, како поеколошки енергенс, во споредба со постојните енергенси“ објаснува Бектеши.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik