ЕСМ ги проширува ветерниците

Bez autora
Feb 10 2020

Ветерниот парк „Богданци“ во јануари 2020 година произведе речиси двојно повеќе електрична енергија од планираното, односно имаше 95% натфрлање на планот.

Минатиот месец е регистриран како еден од најдобрите периоди од почетокот со работа на Паркот на ветерни електрани „Богданци“. Според официјалните резултати на АД ЕСМ, за претходниот месец се испорачани 15.968 MWh.

„Во 2019 година, овој капацитет за производство од обновливи извори произведе 101.807 MWh електрична енергија, што претставува натфрлање на годишниот план за 6 проценти. Со постигнатиот резултат, Ветерниот парк ‘Богданци’ учествувал со 2,4% во вкупното производство на АД ЕСМ за минатата година“, велат од компанијата.

Инаку, во тек е јавниот повик на АД ЕСМ за проширување на ветерниот парк со нови ветерници. Рокот за пријавување на компаниите заинтересирани да го градат проектот е до 2 март.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik