Фирма од Дебар испуштила отпадно моторно масло во Дебарското Езеро

Bez autora
May 27 2021

Фирма од Дебар заработи кривична пријава поради испуштање отпадно моторно масло во Дебарското Езеро.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе пријава против правно лице од Дебар за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи и против Т. Д. (56) од Скопје и А. Д. (55) од Дебар, одговорни лица во правниот субјект, за несовесно работење во службата.

Полицијата соопшти дека на 19 март одговорните лица дозволиле истекување употребено моторно масло, сопственост на правното лице, во градската канализациска мрежа, а оттука преку поток кај месноста Трап Венец во водите на Дебарското Езеро.

Со тоа пријавените ги загрозиле животната средина и околината и постапиле спротивно на одредбите од Законот за управување со отпадот, Законот за животната средина и од Правилникот за постапките и начинот за собирање, транспортирање, преработка, складирање, третман и отстранување на отпадните масла.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik