Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,30 % во однос на одлуката од 3.6.2022 година.
Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) се зголемува 2,50 денара/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,868 денари/кг и сега ќе изнесува 55,508 денари/кг.
Од 7.6.2022 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 110,00 (денари/литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 112,00 (денари/литар)
– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 102,00 (денара/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 99,50 (денари/литар)
– мазут М-1 НС – 55,508 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,179 %, кај дизелот за 1,697 %, кај екстра-лесното масло за 1,673 % и кај мазутот зголемувањето е за 0,482%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,009 %.