Макпетрол во февруари ќе испорачува гас по намалени цени

Bez autora
Feb 08 2022

Како резултат на одличниот договор што компанијата го постигна со „Гаспром“, во февруари „Макпетрол“ ќе ги намали цените на метанот (КПГ – компримиран природен гас), како и на природниот гас.

 Споредено со јануари, малопродажната цена на метанот е пониска за 12.74%, односно 14 денари за килограм и сега изнесува 96 ден./кг. За 204 евра за 1.000 нормални метри кубни, пак, се намалува цената за природниот гас.

– Имајќи ја предвид нашата долгогодишна професионална соработка со „Гаспром“, како и поради фактот што „Макпетрол“ е единствената компанија што од земјава потпишува и остварува вакви договори, така и на овој план постигнавме одлична спогодба, што ни обезбеди цена за 30 проценти пониска од берзанската. И покрај глобалната енергетска криза, за нашите деловни партнери во февруари тоа ќе се рефлектира со подобрена понуда и во малопродажбата на метанот и во големопродажбата на природниот гас – истакнуваат од компанијата.

И покрај енергетската криза што го зафати секој дел од светот, а нејзиното влијание особено се чувствува на европскиот континент, „Макпетрол“ врши стабилна и навремена испорака и на ЦНГ-метанот и на природниот гас. Продолжувајќи во насока на досегашната политика на компанијата, „Макпетрол“ и во периодот што следува ќе продолжи да инвестира и да го унапредува овој сегмент од своето работење.

Капацитетот на „Макпетрол“ на планот на нафтените деривати, како и на другите енергенси, е единствен на македонскиот пазар, односно се работи за бренд чие што 75-годишно искуство и расположлив кадар овозможува да постигнува вакви резулати сè со цел на своите деловни партнери да обезбеди најквалитетни енергенси по најповолни цени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik