Набргу почнува изградбата на топловодот до Битола, Новаци и Могила

Bez autora
Sep 08 2021

АД ЕСМ потпиша договор за реализација на проектот за топлификација на Битола, Новаци и Могила, кој во првата фаза чини 27 милиони евра.

Економскиот оператор „RBA конзорциум“ набргу ќе почне со изградба и поставување на цевките, најави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

„По 40 години постоење на ‘РЕК Битола’ и децениско размислување за реализација на овој проект, за само неколку години стигнавме до потпишување договор, а за кратко време и почеток на изградбата на топловодот од ‘РЕК Битола’ до градот Битола. На овој начин жителите на Битола, Новаци и на Могила ќе добијат парно греење како најблиски населени места што гравитираат околу комбинатот“, објасни премиерот во својата објава на „Фејсбук“.

Според него, АД ЕСМ сега го прави проектот за топлификација економски исплатлив, а претходно тој не бил.

„Со предвидената изградба на когенеративната гасна електрана, која ќе произведува и електрична и топлинска енергија и која ќе биде замена за два блока на јаглен во ‘РЕК Битола’, се прави инвестицијата во топловодната мрежа да биде економски оправдана во иднина затоа што претходно не беше јасно што ќе биде со топловодната мрежа кога ‘РЕК Битола’ ќе згасне ваков каков што постои, односно на јаглен“, нагласува премиерот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik