Пристигнуваат материјали за изградба на фотоволтаична централа во РЕК „Осломеј“

Bez autora
Aug 28 2020

Генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, ја посети локацијата на која треба да биде изградена фотоволтаичната централа, прва во сопственост на ЕСМ.

Подготвителните работи за изградба на фотоволтаикот се во тек и полека пристигаат потребните материјали, информираат од компанијата.

„Реализацијата на овoј исклучително значаен проект за државните електрани продолжува и покрај предизвиците што ги наметна пандемијата на Ковид-19 и политичките случувања во земјата“, се наведува во соопштението.

Според развојната стратегија на АД ЕСМ, на површини во рудникот на РЕК „Осломеј“ предвидена е изградба на две фотоволтаични централи.

Ист таков капацитет од обновливи извори на енергија ќе се гради и во РЕК „Битола“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik