РЕК „Битола“ го стави во функција Блок 1

Bez autora
Feb 03 2021

АД ЕСМ, подружница РЕК „Битола“, го стави во функција Блок 1 на термоелектраната. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на земјата во текот на вчерашниот ден и во моментот РЕК „Битола“ произведува електрична енергија од Блок 1 и Блок 3.

„Ископот на јаглен во рудникот ‘Суводол’ е стабилизиран, а се зголемува и интензитетот на ископ во рудникот ‘Брод Гнеотино’. Предуслов за пуштањето на Блок 1 во погон беше огромниот ангажман на сите вработени во РЕК ‘Битола’ изминативе неколку недели, особено на работниците во рудниците, за што раководството на комбинатот изразува јавна благодарност.

АД ЕСМ го одржува стабилен електроенергетскиот систем на државата. Во моментот компанијата ги задоволува потребите на потрошувачите со производство на електрична енергија од РЕК ‘Битола’, од хидроелектраните и од ветерниот парк ‘Богданци’“, соопшти АД ЕСМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik