Споед нив, кривичната пријава дека ТЕ-ТО АД перела пари е отфрлена од Обвинителството за организиран криминал уште во декември 2019 година.
„ТЕ-ТО АД достави целосна документација до сите надежни институции, со која се докажува дека ТЕ-ТО АД работи во согласност со законот и ниту еден законски пропис не е прекршен. Еднострано прикажаните информации од ‘Топлификација’ АД пред МВР не докажуваат дека во ТЕ-ТО АД има криминал, туку токму, напротив, тоа се лаги и манипулации со цел постигнување незаконски интереси на менаџментот на ‘Топлификација’ АД“, се вели во реакцијата на ТЕ-ТО АД во врска со наводите на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Споед нив, кривичната пријава дека ТЕ-ТО АД перела пари е отфрлена од Обвинителството за организиран криминал уште во декември 2019 година.
„Обвинувањето од ‘Топлификација’ АД за лажен стечај е целосно неиздржано. Постапката за реорганизација на ТЕ-ТО АД е спроведена целосно во согласност со законските прописи. Тоа е потврдено со решението на Основниот суд Скопје 2 Скопје и решението на Апелациониот суд, со кои се усвојува планот за реорганизација на компанијата, а во кој процес ‘Топлификација’ АД ги даде истите забелешки што ги наведе и во кривичната пријава против ТЕ-ТО АД. Нагласуваме дека целокупната документација поврзана со стечајот и реорганизацијата на ТЕ-ТО АД ја анализираа врвни експерти од областа на правото, кои изработија правно мислење со кое се потврдува дека ТЕ-ТО АД во целост постапувало во согласност со законот. Поради тоа, бараме да се престане со злоупотребата на ТЕ-ТО АД во политички цели во предизборен период и да се остават надлежните институции, без притисок, да си ја завршат својата работа“, се вели во реакцијата.