Владата ја продолжи работата на „ТЕ-ТО” со полна моќност до 15 април

Bez autora
Mar 30 2022

Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија во износ од 160 мегавати ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, информираат од Прес-службата на Владата.

Од таму додаваат дека „ТЕ-ТО“ АД Скопје, ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 април 2022 година до 15 април 2022 година.

– Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Северна Македонија” – Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, согласно правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија, велат од Влада.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik