Во мај 96,5 отсто од потрошената струја била од домашно производство

Bez autora
Jul 27 2026

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2026 година изнесува 462 653 МWh, што претставува 96,5 отсто од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.

Како што информира Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96,5 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99,9 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Во мај 2026 година во однос на мај 2025 година растот на потрошувачката на природен гас од 4,8 отсто се должи на работата на топлинските постројки, додека во мај 2025 година тие не беа активни.

Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 8,5 отсто.

Во мај 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 479.603 МWh електрична енергија, 4.463 мил. нм3 природен гас, 264.997 тон јаглен и 78.468 тони нафтени продукти.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik