КИЕЛ Македонија почнува со изградба на нова фабрика во ТИРЗ Тетово

Bez autora
Mar 29 2022

Почнува реализацијата на нова инвестиција на КИЕЛ Македонија во ТИРЗ Тетово.

Компанијата КИЕЛ која е водечки производител на седишта за возови, автобуси почнува со изградба на новиот производствен погон во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра.

Во новиот производствен погон во Тетово кој ќе се простира на површина од 7.500 метри квадртарни предвидено е да бидат отворени 300 нови работни места од Полошкиот регион, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што напиша Бектеши, според планот за реализација со производството од новиот погон КИЕЛ Македонија ќе започне до крајот на 2022 година.

„Министерството за економија даде согласност за потпишување на Договор помеѓу Друштво за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ МАКЕДОНИЈА и НОРМАК ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП со што почнува реализацијата на оваа нова инвестиција“, напиша Бектеши на Фејсбук.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik