Паѓа профитабилноста на фирмите

Bez autora
May 17 2015

Повеќе акционерски друштва веќе ги објавија своите квартални финансиски извештаи, кои се однесуваат на првото тримесечје од годинава. Дел од нив покажуваат загуби, а дел регистрирале намалени добивки, што може да наведе на размислување дека нестабилноста на политичката сцена веќе почнала да „чепка“ и во профитабилноста на македонскиот бизнис, конкретно кај оние компании што котираат на Македонската берза. Само во првото тримесечје од годинава „Тутунски комбинат“ од Прилеп покажал загуба од 1,5 милиони евра или 94,9 милиони денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на веб-страницата на Македонска берза. Иако, во овој случај треба да се напомни дека „Тутунски комбинат – Прилеп“ е во категоријата загубари подолг период наназад...

Повеќе акционерски друштва веќе ги објавија своите квартални финансиски извештаи, кои се однесуваат на првото тримесечје од годинава. Дел од нив покажуваат загуби, а дел регистрирале намалени добивки, што може да наведе на размислување дека нестабилноста на политичката сцена веќе почнала да „чепка“ и во профитабилноста на македонскиот бизнис, конкретно кај оние компании што котираат на Македонската берза.

Само во првото тримесечје од годинава „Тутунски комбинат“ од Прилеп покажал загуба од 1,5 милиони евра или 94,9 милиони денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на веб-страницата на Македонска берза. Иако, во овој случај треба да се напомни дека „Тутунски комбинат – Прилеп“ е во категоријата загубари подолг период наназад. Во првиот квартал од годинава имаме дури и подобрување на финансиската состојба, од причина што минусот во истиот период лани бил поголем и изнесувал 1,8 милиони евра. Инаку, вкупните приходи од продажба на компанијата во првиот квартал од годинава изнесуваат 143 милиони денари.

Охридските „Хотели Метропол“ во првите три месеци од годинава остварија загуба од околу 13,2 милиони денари, што е продлабочување во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата имала загуба од 10,9 милиони денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех. Во овој период компанијата имала оперативни приходи од 6,7 милиони денари, што е намалување во однос на истиот период минатата година, кога тие изнесувале 9,5 милиони денари.

Компанијата „Благој Ѓорев“, пак, во првите три месеци од годинава оствари загуба од 5,4 милиони денари, што е влошување на резултатот во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата имала добивка од 2,6 милиони денари. Неконсолидираниот биланс на успех објавен преку берзата покажува дека во првите три месеци од годинава компанијата имала оперативни приходи од 124 милиони денари, што е намалување во однос на истиот период минатата година, кога оперативните приходи изнесувале 127 милиони денари.

Во првиот квартал од годинава, компанијата „Технокомерц“ забележа загуба во износ од 1,14 милиони денари. Оперативните приходи во износ од 36,76 милиони денари се помали за 14 отсто, во однос на првото тримесечје од минатата година, кои изнесуваа 42,61 милиони денари. Во вкупните оперативни приходи најголемо учество имаат приходите од продажба на домашен пазар и тоа 99 отсто. Вкупните оперативни расходи изнесуваат 36,54 милиони денари, и тие се за 6 отсто помали во однос на истиот период од минатата година.

Вчера својот финансиски резултат го објави и компанијата „Жито Караорман“ од Кичево, која во првиот квартал од годинава има остварено добивка од 516 илјади денари, што е намалување од дури 70 отсто во однос на 1,73 милиони денари, колку што бил остварениот позитивен финансиски резултат во првиот квартал од минатата година.

УНИ банка, пак, во првиот квартал од годинава остварила добивка од 508 илјади денари, што е подобрување на финансискиот резултат во однос на лани, велат од банката. „Заклучно со март 2015 е остварен позитивен финансиски резултат во износ од 508 илјади денари, за разлика од истиот период минатата година, кога тој беше негативен и изнесуваше 23,8 милиони денари. Ова е, пред се', резултат на помалото оштетување на нефинансиските средства“, се вели во образложението од банката.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik