Рударите ископаа висок индустриски раст

Bez autora
Aug 29 2013

Анализите на Државниот завод за статистика покажуваат дека растот на индустриското производство во јули во земјава од 3,9% се должи пред се на секторот рударство и вадење камен, кој бележи пораст од 3,3%. Македонското рударство се исчеличи. Тоа директно влијае на растот на индустриското производство во земјава, кое годинава во јули забележа раст од 3,9% во однос на јули минатата година. Анализите на Државниот завод за статистика покажуваат дека растот се должи пред се на индустриското производство во секторот рударство и вадење камен, кој бележи пораст од 3,3%, но и во секторот преработувачка индустрија 7,3%, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 15,5%. Индустриското производство во периодот јануари - јули 2013 година во однос на овој период лани бележи пораст од 2,2%. Овој раст е на ниво на проектираниот за годинава од страна финансиските институции. Од Министерството за економија потврдуваат дека во сегментот минерални суровини растот достигнал 6,7%, а за 8,4% е зголемен бројот вработени. Рударството со над 10.000 вработени останува еден од приоритетните сектори.

Рударите ископаа висок индустриски растАнализите на Државниот завод за статистика покажуваат дека растот на индустриското производство во јули во земјава од 3,9% се должи пред се на секторот рударство и вадење камен, кој бележи пораст од 3,3%

Македонското рударство се исчеличи. Тоа директно влијае на растот на индустриското производство во земјава, кое годинава во јули забележа раст од 3,9% во однос на јули минатата година. Анализите на Државниот завод за статистика покажуваат дека растот се должи пред се на индустриското производство во секторот рударство и вадење камен, кој бележи пораст од 3,3%, но и во секторот преработувачка индустрија 7,3%, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 15,5%.

Индустриското производство во периодот јануари - јули 2013 година во однос на овој период лани бележи пораст од 2,2%. Овој раст е на ниво на проектираниот за годинава од страна финансиските институции.

Од Министерството за економија потврдуваат дека во сегментот минерални суровини растот достигнал 6,7%, а за 8,4% е зголемен бројот вработени. Рударството со над 10.000 вработени останува еден од приоритетните сектори.

Според министерот за економија Ваљон Сараќини, трудот се исплатеше, бидејќи нивното министерство изминатите две години максимално се посвети на создавање поволна бизнис-клима за развој на рударството.

- Преку дијалог со компаниите направивме суштински измени во Законот за минерални суровини како клучна правна рамка. Само годинава издадовме над сто договори за концесија што е раст од преку 30%. Сите овие податоци јасно укажуваат на успешната приказна во овој сектор кој е од огромно значење за економијата и на локално и на национално ниво - смета Сараќини.

Тој апелира до инвеститорите не само да го почитуваат Законот за минерални суровини, туку и да одат чекор понапред за подобрување на условите за работа на рударите.

За вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески радува почетокот на годинава која бележи континуиран раст на БДП што укажува дека последиците од европската економска криза се надминуваат. Тој во Пробиштип забележа дека рударството е битен сектор за македонското стопанство и учествува со 18% во БДП и вработува 10.000 лица.

За Николајчо Николов, претседателот на Македонската асоцијација на рударство, секторот рударството во земјава бележи подем од 2005 година. Според него, над 200 регистрирани фирми се занимаваат со оваа дејност, а расте и извозот, особено на рудниците за метали кои 100% се ориентирани кон странските пазари.

- За да имаме добри рудари треба да се исполнат три основни услови: обезбедување редовна плата, бесплатен оброк и облека по европски стандарди - посочи Николов.

Тој нагласи дека рударите треба да го почитуваат редот и дисциплината за да нема несреќи.

- Последнава година е регистриран еден смртен случај во секторот - потсети Николов.

На празникот Богородица, која се смета за заштитник на рударите, тие се задоволни од актуелните услови за работа, потребната опрема, имаат бенефициран стаж, а работат вкупно 40 часа неделно. Работното време им е осум часа дневно од кои 7,5 ефективни и 30 минути одмор.

Дека рударскиот сектор е во подем покажуваат бројните геолошки истражувања што се реализираат во повеќе рударски региони. Во Осоговијата се очекува да се отворат два нови рудници за олово и цинк. Едниот е во атарот на Македонска Каменица, а другиот околу Крива Паланка.

На листата за отворање нови рудници се најде и локалитетот Иловица на планината Огражден, во општината Босилово, кој располага со солидни количини злато и бакар. Според најавите од локалната власт рудникот треба да започне со работа најдоцна до 2017 година, а ќе бидат вложени над 500 милиони долари.

Ѓорѓиев: Владата секогаш подготвена за помош на стопанството
Владата и натаму посветено ги следи состојбите во економијата, секогаш е подготвена да му помогне на стопанството, континуирано комуницира со бизнисот, дијалогот и консултациите за подобрување на состојбите продолжуваат. Според владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, вицепремиерите Пешевски и Ставрески се во постојан контакт со компаниите, вклучително и со претставниците на металуршката индустрија, редовно имаат состаноци и разменуваат мислења.

- Постои дијалог и добра соработка. Сме покажале дека знаеме да излеземе во пресрет на потребите на стопанството. Очекуваме идниот период, ако во заедничка консултација потпретседателите на Владата Пешевски и Ставрески кои се во постојан контакт со компаниите проценат, да разгледуваме и конкретно да информираме за одредени состојби - истакна Ѓорѓиев.

Оценувајќи ги како позитивен сигнал последните статистички податоци за раст на индустриското производство, Ѓорѓиев нагласи дека се очекуваат подобри денови за македонската економија која како и сите други во светот трпеше последици од глобалната и европската должничка криза.

- Македонската економија многу зависи од економиите на земјите членки на ЕУ и регионот кои исто така се поврзани со трговската соработка со ЕУ. Со подобрување на можностите во рамки на европската економија и со владината поддршка што континуирана му се дава на стопанството, очекуваме подобри денови - рече Ѓорѓиев.

Суводол ја храни РЕК Битола
Денот на македонските рудари вчера традиционално беше одбележан во рудникот за јаглен Суводол. Рудникот е клучен при процесот на производство на електрична енергија бидејќи се обезбедува енергетска суровина потребна за континуирана работа на енергетските блокови на РЕККБитолаа. За Дејан Бошковски, генерален директор на АД ЕЛЕМ, врвен приоритет за компанијата останува одржувањето на стабилно производство на јаглен од рудникот Суводолл, продолжување на работниот век на РЕК Битолаа за наредните две децении, како и отворање на новиот јагленокоп Брод - Гнеотино заедно со подинските јагленови серии.

- Во моментов сите три јагленокопи се во функција. Во функција е и главниот транспортен систем за континуиран дотур на јаглен од површинскиот коп Брод - Гнеотиноо до рудникот Суводол во должина од 10 километри, инвестиција вредна 18,6 милиони евра. Годинава, започнавме со изградбата на асфалтниот пат од селото Новаци до површинскиот коп Брод - Гнеотино со должина од 11 километри, инвестиција вредна околу 1,8 милиони евра и со овој зафат, на најдобар начин ги заокружуваме активностите поврзани со новиот рудник Брод - Гнеотиноо - информира Бошковски. Тој потсети дека во тек се интензивни истражувања на јагленот во потенцијалните лежишта во Живојно и останатиот Мариовски басен, во функција на долгорочно обезбедување енергенс за "РЕК Битола".

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik