Волнарскиот комбинат АД „Тодор Циповски-Мерџан“, односно „Тетекс“, по речиси 69 години престанува со работа. Денеска се затвори и погонот Конфекција, кој беше последен што работеше.
Пред пред една година престана да работи погонот Трикотажа, а минатиот месец и Ткајачница. Единствено работи Предилницата за производство на волница, но таа е дадена на странска фирма.
Волнарскиот комбинат „Тодор Циповски-Мерџан“ започна со производството на 25 мај 1951. Во годините и децениите што следеа, „Тетекс“ израсна во вистиски текстилен гигант на југословенските простори.
Во 1991 година започна неговата трансформација од општествено претпријатие во акционерско друштво.
Во 1987-1988 година, комбинатот имаше 8.800 вработени во неколку производствени погони и во голема трговска мрежа.
Во последниве две децени, од година во година, поради потешкотии во работењето постојано се намалуваше бројот на вработените и еден по еден се затвораа производствените погони.