Зголемен прометот во индустријата

Bez autora
Aug 18 2025

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни годинава бележи пораст од 0,7 отсто во однос на истиот месец лани, а во привите шест месеци од годинава е помал за 2,2 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Прометот во индустријата, пак, на странските пазари бележи пораст од 16,4  отсто, додека во периодот јануари – јуни 2025 година има пораст од 9,1 отсто во споредба со првите шест месеци од минатата година.

Вкупниот промет во индустријата, пак, во однос на мај 2025 година, има пораст од 1,4 отсто, додека во периодот јануари – јуни 2025 година, во споредба со јануари – јуни 2024 година, има пораст од 7,2  отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата во јуни годинава во однос ланскиот јуни, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,8 отсто, Капитални производи за 25,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7  отсто, додека опаѓање има Трајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто. Најголемо влијание во порастот на вкупниот промет во индустријата имаат Производство на прехранбени производи со 4,9 отсто, Производство на електрична опрема со 4,9 и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 94,9 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik