Зголемено индустриското производство за 2,8 проценти

Bez autora
Aug 04 2025

Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 2,8 проценти.

Во јуни, пак, во споредба со минатогодишниот јуни, забележан е раст од 0,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст од 6,9 проценти, во секторот Преработувачка индустрија од два проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 29,3 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,6 %, Капитални производи за два проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти,  додека опаѓање бележи кај Енергија за 24,4 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 4,3 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik