По девет месеци од минатата година со позитивна инвестициска слика, во ноември имало одлевање на странски капитал од земјава. Според најновите податоци на Народна банка на Македонија, во десеттиот месец од 2014 е регистриран минус на контото на странските директни инвестиции, иако на помал износ, од 2,9 милиони евра. Во периодот од првите десет месеци од минатата година, пак, вкупното салдо на странски директни инвестиции изнесува околу 197 милиони евра, што е намалување во однос на истиот период од 2013 година за 13,6 милиони евра, односно за 6,4 отсто. Во периодот од јануари, заклучно со ноември 2013 година, во земјава е регистриран влез на нешто повеќе од 210 милиони евра СДИ, зборуваат бројките на централната банка.
По девет месеци од минатата година со позитивна инвестициска слика, во ноември имало одлевање на странски капитал од земјава. Според најновите податоци на Народна банка на Македонија, во десеттиот месец од 2014 е регистриран минус на контото на странските директни инвестиции, иако на помал износ, од 2,9 милиони евра.
Во периодот од првите десет месеци од минатата година, пак, вкупното салдо на странски директни инвестиции изнесува околу 197 милиони евра, што е намалување во однос на истиот период од 2013 година за 13,6 милиони евра, односно за 6,4 отсто. Во периодот од јануари, заклучно со ноември 2013 година, во земјава е регистриран влез на нешто повеќе од 210 милиони евра СДИ, зборуваат бројките на централната банка.
Ако се погледне на што се должат инвестициите во првите десет месеци од годинава, ќе се види дека на сопственички капитал и на реинвестирање на добивката отпаѓаат околу 40 милиони евра, додека, пак, во делот за должнички инструменти сумата е 157 милиони евра.
Што покажуваат податоците за десетте месеци лани, кои сега се повторно ревидирани и се разликуваат од оние што беа презентирани претходниот месец? Најдобро на планот на СДИ на земјава и' одело во првите три месеци минатата година. Односно, во јануари Македонија станала домаќин на 26,9 милиони евра СДИ, во февруари влегле 37,2 милиони евра, а март е најуспешен, со инвестициски скор од 44,6 милиони евра. Потоа во април следува намалување на инвестициите и во тој месец во Македонија бил вложен странски капитал од 9,8 милиони евра, а во мај подобра сума, од 26,7 милиони евра. Јуни бил вистинско разочарување, со влезени 1,3 милиони евра, а јули исто не бил најдобар, со инвестициски резултат од само 9,8 милиони евра. Август донел 29,2 милиони евра странски вложувања, септември 14,2 милиони евра, додека, пак, октомври не само што не донел, туку во овој месец си „заминале“ 2,9 милиони евра.
Всушност, во ноември годинава имало влез на сопственички капитал и реинвестирање на добивката од 5 милиони евра. Но, затоа во графата за должнички инструменти е регистриран минус од 8 милиони евра, така што вкупниот ефект е одлевање на 2,9 милиони евра.
Инаку, за 2014 година од Владата најавија дека очекуваат влез на околу 300 милиони евра странски инвестиции. Но, со нецели 200 милиони евра СДИ на истекот на првите десет месеци, излегува дека во последните два месеца лани требало во земјава да бидат инвестирани 100 милиони евра или месечно во просек по 50 милиони евра.
Инаку, најуспешна година досега на планот на привлекувањето на странските инвестиции била 2007, со привлечени околу 506 милиони евра, што следуваше откако во 2006 во земјава влегоа 345 милиони евра. Во 2008 во Македонија биле инвестирани 400 милиони евра, а во 2009 година има значаен пад на инвестицискиот резултат и тој изнесува 145 милиони евра, слично колку и во 2010, 160 милиони евра. Подобрување е регистрирано во 2011 година, со инвестирани 344 милиони евра, а во 2012 повторно влошување на инвестициската слика, со 111 милиони евра. Во 2013 година во земјава беа инвестирани 252 милиони евра.
Подобрување на инвестициската клима за оваа година очекува премиерот Никола Груевски, кој во своето новогодишно обраќање до граѓаните рече дека за 2015 година се очекува влез на најмалку 25 нови странски инвестиции. Тоа, според него, ќе следува по реализираното ветување за најмалку 20 нови инвестиции во минатата година.
Според премиерот Груевски, странските инвестиции даваат нов импулс на нашата економија, но и на многу постоечки македонски компании, кои станаа нивни партнери или добавувачи. „Тоа ме чинеше многу труд, време, енергија, напорни патувања, и мене и мојот тим за привлекување инвестиции, но се исплатеше. Се исплатеше и големата посветеност да се создаде добра бизнис-клима, која е предуслов да дојдат странските фирми“, рече премиерот. Фактот што Светска банка не' вбројува во 30-те најдобри земји во светот според условите за водење бизнис, смета Груевски, гарантира успех и за оваа година. Пред две недели, потсети премиерот, американската „Капкон“ објави градба на фабрика кај Скопје, за 400 работни места. Во скопската зона веќе гради „Диатек“ од Италија, каде што ќе се вработат најмалку 200 лица, а во истата зона се определија и објавија одлука „Монтанте“ од Италија и „Енергија“ од Украина...