Исплатени 30 милиони за субвенции за тутун

Bez autora
Apr 28 2020

СДСМ информира дека веќе се исплатени 30 милиони евра субвенции за 19.050 тутунопроизводители за откупен и предаден тутун за 2019 година, а покрај оваа поддршка, годинава тутунот има рекордно висока откупна цена, во просек од 220 денари за килограм.

Од владејачката партија нагласуваат дека додека трае вонредната состојба, во мирување се ставени роковите за доставување апликации и реализација на проектите од националните програми и ИПАРД-програмата за да се обезбеди дополнителен рок за имплементација на почнатите инвестиции.

„Во рамките на мерките за ублажување на последиците од здравствената криза во агросекторот, земјоделците што се самостојни вршители на дејност имаат можност да користат и дел од економскиот пакет-мерки, како финансиската поддршка од 14.500 денари за април и мај. Рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 се продолжува до 12 ноември 2020 година, а со цел да се намали загубата на одгледувачите на овци, вкупната поддршка за женско јагне ја зголемивме на 2.500 денари од грло. За неполни три години, Владата предводена од СДСМ во аграрниот сектор во согласност со националните програми исплати над 427 милиони евра за земјоделците“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Партијата додава дека продолжува и понатаму со конкретна помош за земјоделството и руралниот развој.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik