Исплатени над 151 милиони денари на сметките на лозарите

Bez autora
Sep 06 2021

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.041 лозари исплати над 151 милиони денари.

Станува збор за исплата на 2 денара за килограм предадено грозје во регистрирани капацитети за вино за сортите смедеревка, вранец, бургундец црн, станушина, кратошија, жилавка и кадарка.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, вели дека земјоделците се партнери на Агенцијата, токму затоа средствата се исплаќаат во ек на берба.

„Сите кои правно-законски се стекнале со право на користење финансиска поддршка, во еден ден, без селекција ги добиваат средствата. Праксата за неселективна исплата на земјоделските субвенции продолжува. Парите од финансиската поддршка се исплаќаат во време кога овие производители имаат потреба од свеж капитал за прибирање на новата реколта, подготовка на насадите за следната сезона и употреба на сите агротехнички заштитни мерки за насадите“, истакна Бачовски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik