Изминатите три месеци 11.904 луѓе останале без работа

Bez autora
Jun 04 2020

По основ на прилив од работен однос, во периодот од 11 март до 31 мај, во Агенцијата за вработување, статус на невработени лица стекнале 11.904 лица, а за кои претходно имало регистрирана пријава во задолжително социјално осигурување.

Според основот на престанок на работниот однос, од 11.904 лица, кои стекнале статус на невработени, 5.703 лица (47,9 отсто) се поради истек на определено време, 3.082 лица (25,9 отсто) се поради спогодбен престанок на работен однос, 1.169 лица (9,8 отсто) се поради отказ од работодавецот, 1.112 лица (9,3 отсто) се поради отказ од страна на работникот, 380 лица (3,2 отсто) се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациски и слични промени), 104 лица (0,9 отсто) се поради стечај – ликвидација, 76 лица (0,6 отсто) се поради престанок на дејноста на работодавецот, а преостанатите 278 лица (2,3 отсто) се поради други основи на престанок (записник од Државниот инспекторат за труд, судска пресуда и сл.).

Според претежната дејност на работодавецот, најголем дел од приливот на невработени лица од работен однос е од преработувачката индустрија, 4.230 лица или 35,5 отсто, потоа од дејноста трговија на големо и трговија на мало, 2.324 лица или 19,5 отсто, како и од дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 1.432 невработени лица или 12,0 отсто.

Според школска подготовка, од приливот на невработени лица од работен однос, 6.961 (58,5 отсто) лица се со непотполно средно и завршено средно образование, 3.128 лица (26,3 отсто) се без образование и со основно образование, а 1.815 (15,2 отсто) лица се со вишо и високо образование.

Според возраст на лицата, повеќето се на возраст од 30 до 49 години (5.729 лица или 48,1 отсто), на возраст до 29 години се 3.276 лица (27,5 отсто), а на возраст над 50 години се 2.899 лица (24,4 отсто).

Вкупниот број на невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување во периодот март – мај 2020 година бележи зголемување од 12.297 лица.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik