Почна изградбата на вториот маркет на „Лидл“ во Битола

Bez autora
Sep 24 2026

Почна изградбата на вториот маркет на „Лидл“ во Битола, инвестиција што, според локалната самоуправа, ќе придонесе за развојот на градската економија и за отворање нови работни места.

На свечениот почеток, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека инвестицијата ќе донесе квалитетна услуга за граѓаните, пристап до производи и можности за соработка со домашни компании.

Од „Лидл“ посочија дека нивното присуство на македонскиот пазар, покрај отворањето маркети, создава работни места и можности за домашните компании за соработка и пристап до европските пазари.

Новиот маркет во Нова Битола ќе биде од типот „Метропол супермаркет“ и ќе се гради според современи стандарди. На парцелата се предвидени најмалку 20 % зеленило, нова пристапна улица и паркинг со 108 места.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik