Македонските компании се подготвени за членството на земјата во НАТО

Bez autora
Nov 07 2019

Министерот за економија, Крешник Бектеши, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец, вчера во Струмица се обрати на панел-дискусијата на тема „Македонската бизнис-заедница како партнер на НАТО“ во рамки на НАТО-карванот низ неколку града во државата. Тој истакна дека Северна Македонија е на чекор пред членство во НАТО, а влезот во алијансата е важно не само од политички и безбедносен аспект, туку и од економски аспект. Најголемиот број од македонските компании се подготвени за членството на земјата во НАТО и ние како држава во континуитет преземаме мерки за да им го олесниме работењето, а со тоа да можат да бидат конкурентни и со компании од поразвиени држави, имајќи предвид дека најразвиените земји членуваат во НАТО.

Македонските компании се подготвени за членството на земјата во НАТОМинистерот за економија, Крешник Бектеши, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец, вчера во Струмица се обрати на панел-дискусијата на тема „Македонската бизнис-заедница како партнер на НАТО“ во рамки на НАТО-карванот низ неколку града во државата.

Тој истакна дека Северна Македонија е на чекор пред членство во НАТО, а влезот во алијансата е важно не само од политички и безбедносен аспект, туку и од економски аспект.

„Најголемиот број од македонските компании се подготвени за членството на земјата во НАТО и ние како држава во континуитет преземаме мерки за да им го олесниме работењето, а со тоа да можат да бидат конкурентни и со компании од поразвиени држави, имајќи предвид дека најразвиените земји членуваат во НАТО. Убеден сум дека преку мерките што ги презема Владата, а кои се создадени заедно со стопанските комори и бизнис-заедницата, македонските компании ќе бидат конкурентни на странските пазари“, истакна министерот Бектеши.

Амбасадорот Јазбец  го пренесе искуството на неговата земја.

„Членството во НАТО значи зголемена сигурност, стабилност и од таа страна значи едно голема атрактивност за странски инвестиции. Со членството во НАТО земјата влегува во еден список на земји во кои е исплатливо да се инвестира. Тоа дава претпознатливост на земјите. Тоа дава една можност на компаниите да конкурираат за работа на НАТО-тендерите, на кои претходно не можеле, но тоа значи дека компаниите треба да се многу добро подготвени и да понудат квалитет и ефикасност. По правило и од искуство на државите кои влегоа во НАТО, во 2004 година од 10 до 30 проценти се зголемени странските инвестиции“, кажа тој.

На панел-дискусијата присуствуваше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, како и претставници на бизнис-заедницата од Струмица. Настанот е во организација на Инфоцентарот за евро-атлантски интеграции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik