Ваучерите за туризам ќе може да се користат и преку туристички агенции

Bez autora
Aug 06 2020

Министерството за економија овозможи сите лиценцирани туристички агенции, кои сакаат да работат со ваучери за туризам, да може дополнително да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“ заклучно со 10 август.

На тој начин граѓаните што добиле ваучери за туризам, освен во сместувачките капацитети, да може да ги искористат ваучерите и преку туристичките агенции што ќе се регистрираат на платформата.

„Во согласност со уредбата со законска сила за издавање ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, Министерството за економија ги повикува сите лиценцирани туристички агенции, кои сакаат да работат со ваучери за туризам, во рамките на своите понуди за Република Северна Македонија да вклучат и можност за резервација со ваучери за туризам издадени од страна на Министерството за економија преку платформата domasiedoma.gov.mk“, соопшти Министерството.

За да исполнуваат услови за добивање пристап во платформата, туристичките агенции треба да имаат валидна лиценца за работа издадена од страна на Министерството за економија и да ја прикачат на самата платформа.

Агенциите што претходно се имаат пријавено на платформата „Дома си е дома“, а ги исполнуваат условите (имаат валидна лиценца), автоматски ќе бидат одобрени од страна на Министерството за економија.

Туристичките агенции во рамките на понудите може да понудат сместување, а да вклучат и дополнителни услуги, како што се: превоз до туристичките центри, екскурзии, водичи, прошетки и сл.

За 20 дена, по почнувањето на мерката ваучери за домашен туризам, до денеска искористени се над 8.400 ваучери.

Ваучерите граѓаните ќе може да ги искористат до 15 декември 2020 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik