Од полноќ за три денари од литар поевтинуваат бензините, додека дизелот за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на еуросупер 95 ќе изнесува 66,50 денари од литар, а еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 69 денари од литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 60 денари од литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 49,50 денари од литар. Цената на мазутот се намалува за 1,267 ден/кг така што неговата малопродажна цена ќе изнесува 33,851 ден/кг. Со оваа најнова одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,18 проценти.
Од полноќ за три денари од литар поевтинуваат бензините, додека дизелот за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на еуросупер 95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 60 ден/лит, додека на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 49,50 ден/лит.
Цената на мазутот се намалува за 1,267 ден/кг така што неговата малопродажна цена ќе изнесува 33,851 ден/кг.
Со оваа најнова одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,18 проценти.