Cтартува платниот промет во Македонска пошта

Bez autora
Feb 28 2021

Од понеделник почнува функционирањето на платниот промет во Македонска пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.

Согласно договорот потпишан меѓу Македонска пошта и „Халкбанк“, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет, банката ја исполнила својата обрска до 1 март да го имплементира системот за наплата.

„Платниот промет, во првата недела ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта“, се наведува во известувањето.

Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта ќе биде со провизии од 35 денари за плаќање сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Според најавите, во скоро време коминтентите на „Халкбанк“ на шалтерите на Пошта ќе можат да вршат и директни плаќања од своите сметки, а ќе бидат овозможени и други банкарски, дополнителни услуги.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik