Црвените вина „бела вода“ и „барово“ од бербата во 2013, како и белите „бела вода“ и „барово“ од бербата во 2014, заедно со вината од ексклузивниот бренд „домен лепово“ - „гранд куве“ 2013, „пино ноар“ 2013 и „шардоне“ 2014 на винарската визба „Тиквеш“ се оценети со високи оценки од страна на најпознатиот светски вински критичар Роберт Паркер. Во најновото издание на специјализираното списание на Паркер „Вајн адвокат“ тимот на Паркер ги смести вината на „Тиквеш“ во категориите „многу добри“ и „извонредни“. На овој начин уште еднаш се потврди високото мислење за нашите вина, кое почна да се гради пред пет години, кога Паркер со 94 поени го оцени црвеното вино „бела вода“ од бербата во 2010.
Црвените вина „бела вода“ и „барово“ од бербата во 2013, како и белите „бела вода“ и „барово“ од бербата во 2014, заедно со вината од ексклузивниот бренд „домен лепово“ - „гранд куве“ 2013, „пино ноар“ 2013 и „шардоне“ 2014 на винарската визба „Тиквеш“ се оценети со високи оценки од страна на најпознатиот светски вински критичар Роберт Паркер.
Во најновото издание на специјализираното списание на Паркер „Вајн адвокат“ тимот на Паркер ги смести вината на „Тиквеш“ во категориите „многу добри“ и „извонредни“. На овој начин уште еднаш се потврди високото мислење за нашите вина, кое почна да се гради пред пет години, кога Паркер со 94 поени го оцени црвеното вино „бела вода“ од бербата во 2010.
Високите оценки за менаџментот на компанијата се мотивација за посветена работа и зголемување на извозот на вино во шише. До 2018, според очекувањата на генералниот директор Игор Илиевски, извозот во САД ќе надмине еден милион долари.
„Горди сме што нашите врвни вина го потврдија местото на листата најдобри светски вина. Посебно не радува фактот што добиваме високи оценки за вина кои се произведени во неколку последователни години, вклучувајќи ја и 2014, како исклучително неповолна винска година“, изјави Илиевски.
Светски познатиот енолог и вински консултант Филип Камби веќе шест години го советува „Тиквеш“ и се потпишува на неговите врвни вина. Според Камби, со овие оценки, „Тиквеш“ и македонската винска индустрија се издвојуваат како водечки од целиот овој регион.
„Не постои друг производител од овие краеви кој добил вакви и толку многу оценки за своите вина. Тоа јасно зборува за квалитетот на вината, но и за винскиот потенцијал на земјата од каде што потекнуваат овие вина“, вели Камби.