Од утре се укинува бесплатниот јавниот превоз

Bez autora
Mar 11 2020

ЈСП информира дека од утре, четврток, 12 март, нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз. Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, сè до наредните препораки.

Времено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години и мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на жичницата на Водно.

„Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот“, соопштија од ЈСП.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik